ОСТЕН, покрај значителната комуникација со интернационалните уметници (најзабележлива преку активностите за Светската галерија на цртеж и Музејот на цртеж), со особено внимание ја следи активноста и на македонските уметници. Со цел да обезбеди простор за презентација, меѓсебен натпревар, стимулација и мотивација на уметниците и што подобра меѓусебна соработка – ОСТЕН ја организира манифестацијата УМЕТНИК НА ГОДИНАТА.
Основната идеја е да воспоставиме манифестација преку која на македонските уметници ќе им оддадеме почит за успешно завршената професионална година. Со тоа сакаме да покажеме дека ги следиме случувањата на македонската сцена на визуелните уметности во целост, како и активностите на уметниците поединечно.
Генерална цел е да се афирмира и стимулира ликовната дејност во Македонија преку создавање на креативни и стимулативни форми на соработка помеѓу ОСТЕН и македонските уметници.