Проекти

ВАЗАРЕЛИ цртежи, скулптури и графики - 90 дела од колекцијата на ОСТЕН

На 8 мај 2013, по повод Денот на Европа, ОСТЕН, заедно со делегацијата на ЕУ, Унгарската амбасада и Францускиот институт Скопје, ја отвори изложбата на реноминариот унгарско-француски уметник Виктор Вазарели, таткото на оп-арт правецот во уметноста.  
На изложбата, публиката имаше можност да види 90 уметнички дела на овој светски познат уметник, од кои 3 цртежи, 2 колажи, 4 дела со комбинирана техника, 5 скулптури и 76 графики. 
За време на траењето на изложбата, посетителите имаа можност да го видат и портрет филмот за Вазарели, кој во соработка со Амбасадата на Унгарија беше обезбеден од архивите на Националната телевизија на Унгарија